Горига пресреќен: Ја чувствувам љубовта, среќен сум што играм за Македонија

Дмитро Горига го одигра првиот натпревар во дресот на Македонија, давајќи свој придонес во убедливата победа над Луксембург.

Поранешниот ракометар на Вардар не го криеше задоволството што го облече дресот на Македонија, најавувајќи уште подобри партии во иднина.

„Пресреќен сум, искрено сум воодушевен од начинот на кој сум дочекан. Толку навивачи по мечот, ја чувствувам љубовта и затоа пак ќе повторам – ја чувствувам Македонија за своја и чест ми е што играм за оваа репрезентација. Прекрасно сум примен од соиграчите, малку време сум овде, верувам дека ќе биде уште подобро како што ќе минува времето. Што се однесува до самиот натпревар, очекувано триумфиравме лесно, одигравме квалитетен натпревар и очекувам да бидеме уште поквалитетни на наредните натпревари. Овој дуел брзо ќе го заборавиме, одиме на победа и во Грција“, истакна Горига.

Се вчитува...