Ѓоровиќ: Наша цел е да дојдеме до победа во Рига

По задолжителните тестирања од корона ворусот, нашата женска сениорска репрезентација се упати кон Охрид, каде веќе ги одработија првите тренинзи од подготовките за она што следува на почетокот на февруари.

Квалификациските натпревари на турнирот кој ФИБА одреди повторно да биде во Рига. На 4. февруари против Летонија, односно 6. февруари против Хрватска, нашите девојки ќе се обидат, уште еднаш, да стигнат до првата квалификациска победа.

Селекторот Владимир Ѓоровиќ и неговите асистенти Срѓан Дамнјановски и Александар Ашаданов ќе се обидат овој тим кој е во Охрид, заедно со Анџелика Митрашиновиќ и Девана Бонер да го направи тоа.

„Тука во Охрид, ќе бидеме седум дена. А првите тренинзи ќе ни послужат да видиме до каде се девојките со онаа физичка подготовка. Да се обидеме сето тоа да го нивелираме, бидејќи е јасно дека некои се во некоја понапредна фаза, други во изминатиот период беа без официјални натпревари. Во некоја, би ја нарекол ‘втора фаза’, ќе почнеме со воигрувањето, поставување на одредени елементи во играта во нападот, и во одбраната. Секако, тоа би било кога на располагање ќе ја имаме Анџелика Митрашиновиќ која очекуваме да дојде во Охрид за два дена“, вели Ѓоровиќ. 

За разлика од оној ноемвриски циклус, во овој февруарскиот, составот е малку променет.

„Да, засилени сме со Софија Лазареска и со Катерина Поп-Димитровска, кои требаше да бидат дел од тимот и на минатиот квалификациски циклус. Но поради вирусот, не можев да сметам на нив. Сега е поинаку, тука се со нас. На овие подготовки се и две млади и перспективни кошаркарки, Матеја Атанасовска и Елена Тасевска, кои ќе ја зголемат конкуренцијата, и ќе придонесат тренингот да биде поквалитетен“, завршува Ѓоровиќ. 

Се вчитува...