„Господинот Ѓоковиќ не ги понуди потребните докази“

Новак Ѓоковиќ дефинитивно нема да настапи на првиот гранд-слем турнир во годината Австралија опен, откако беше депортиран од Мелбурн поради тоа што не доставил доволно докази за да може да влезе во земјата како невакциниран.

„АБФ ќе продолжи да се грижи за тоа кои странски државјани ќе стигнат во нашата земја. АБФ може да понуди дека господинот Ѓоковиќ немаше потребни докази со кои би исполнил критериуми за влез во Австралија, па затоа неговата виза е укината“, стои во соопштението на австралиската гранична стража. 

Се вчитува...