Господски потег на Петковиќ: Динамо Загреб има само еден капитен – Аријан Адеми

Аријан Адеми се врати назад во Динамо Загреб и наскоро повторно ќе го облече дресот на хрватскиот првак, штом се рехабилитира од повредата поради која ги пропушти двата септемвриски дуели на македонската репрезентација.

Камбекот на Адеми донесе и прашање во хрватската јавност, кој ќе биде капитен на Динамо откако голгетерот Бруно Петковиќ ја доби капитенската лента како награда за покажаната лојалност и потписот на нов договор со хрватскиот првак.

Сепак, тренерот Јакировиќ обелодени дека самиот Петковиќ ги разрешил сите дилеми на оваа тема.

„Бруно излезе напред и гласно кажа – има само еден капитен, Аријан Адеми. Петковиќ, Ристовски, Мишиќ и Периќ ми се продолжени раце на теренот, но Адеми ќе биде капитен, а Бруно негов заменик“, изјави Јакировиќ.

Се вчитува...