Гостивар дури во продолжението до триумф против ТФТ

Кошаркарите на Гостивар дополнително се зацврстија на петата позиција на табелата во Првата македонска кошаркарска лига, откако со пресврт дури по продолжение славеа со 115-109 против ТФТ во 21. коло.

Гостиварци лошо го почнаа натпреварот, откако првиот период од играта мина во знакот на гостите кои го добија со 20-33.  Во продолжението гостиварци заиграа далеку подобри и од четвртина до четвртина, полека но сигурно ја анулираа предноста на ТФТ.

На пет минути пред крајот на натпреварот ТФТ имаше предност и од 78-84. Но, со фуриозен финиш Гостивар дојде и до водство од 90-86, за да сепак гостите во финишот дојдат до продолжение, израмнувајќи на 92-92.

Но, продолжението од пет минути комплетно им припадна на кошаркарите на Гостивар кои успеаја да дојдат до победа од 115-109.

Најефикасен во победничкиот тим беше Тодоровиќ со 28 поени, а Костоски дуелот го заврши со 27 поени и 10 скока. Харис со 26 поени и осум асистенции беше најдобриот поединец кај ТФТ.

Се вчитува...