Гостивар има зад себе турбулентна сезона, но „сино-белите“ го продолжија трендот да бидат кошмар тимовите кои најавуваат атак на титулата.
Гостиварци под водство на Алек Јончевски во рок од една седмица ги зедоа скалповите и на МЗТ Скопје и на Работнички, а ако на тоа се додаде и триумфот над лидерот Пелистер во првиот дел од сезоната јасно е дека овој тим има капацитет да се носи со секого, а му недостига само константност во формата.
Работнички влезе во мечот полн со самодоверба, по серијата победи на домашната сцена крунисана со онаа во Аеродром над МЗТ Скопје. Сепак, „центарци“ денеска беа немоќни, а им пресуди со торјка во клучните моменти Александар Костоски, кошаркарот што го бараа на истекот од преодниот рок, но кој реши да остане и сигурно ќе значаен адут на Гостивар до самиот крај на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА