Второлигашот Гостивар ги промовираше Антонио Илиески и Фатих Исмаили како свои нови фудбалери.
Илиески, кој е поранешен младински репрезентативец на Македонија, во минатото ги носеше дресовите и на Еуромилк ГЛ и Македонија ЃП. 20-годишниот Исмаили, пак, доаѓа од редовите на Шкупи.
Гостивар, како што е познато, претходно се засили и со Љавдрим Скендери, Валон Зекири, Артан Иљази во желбата што повисок пласман следната сезона во Втората лига – Запад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА