Гостивар моќен во „Кале“, убедлив триумф и на Кожув

Кошаркарите на Гостивар продолжуваат со одличната форма во Суперлигата. Откако минатот коло го совладаа актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, овојпат избраниците на Марјан Србиновски го декласираа Вардар нагости со … Сите дилеми околу победникот беа решени уште во првиот период кој гостите го добија со плус осумнаесет (6-24). Вториот период беше единствениот во кој домаќините беа во „егал“. Го загубија со два поени, а на полувреме се замина со позитива на гостиварчани од дваесет поени (21-41). Во вториот дел разликата на семафорот само се зголемуваше за конечна победа на Гостивар од 55-86. Доналдсон со 20 и Џелетовиќ со 19 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените единствен двоцифрен беше Темелковски со 10 поени.

Еуро Никел ја забележа третата победа во домашниот шампионат, откако во четвртото коло на домашен терен ја совлада ФМП Академија со 85-69. Најдобар поединец кај домаќините беше Марзет со 19 поени, додека Петровски уфрли 16. Кај гостите се истакна Харис кој со 23 поени беше најефикасен на мечот.

До сигурен триумф стигна и Кожув кој беше подобар од МЗТ Скопје 2 со 112-65.  Пејн со 27 поени беше прво име кај гевгеличани, додека Бојан Трајковски запиша 18. Кај „штркчињата најдобар беше Тодоровски со 23 поен.

Се вчитува...