Гостивар остана без клучен играч

Гостивар ќе биде значително ослабен во наредната сезона откако овој клуб не успеа да го задржи во своите редови центарот Џо Фурстингер. Американецот имаше одлична сезона во дресот на гостиварци, но реши летово да ги промени клупските бои и да се пресели во Полска, потпишувајќи договор со екипата на Гливице.

Екипата на Гостивар минатата сезона оствари одличен пласман со влезот во полуфиналето од плејофот, каде загуби со 0-3 од МЗТ Скопје. Сепак, засега од овој клуб е „молк“ кога станува збор за плановите за наредната сезона и потписи со играчите кои би требало да бидат лидери во тимот предводен од Марјан Србиновски.

Фурстингер минатата сезона имаше просек од 16,5 поени, 7,6 скокови и 1,1 блокада по натпревар во дресот на гостиварци.

Се вчитува...