Гостивар преку Ангели ја запиша и четвртата победа во низа

Гостивар стигна до четвртата победа во низа откако славеше на гостувањето кај Ангели со 74-88. Доброто отварање на мечот донесе комотна предност за ‘сино-белите’ која не беше испуштена до самиот крај.

Добрата реализација на отварањето на натпреварот му донесе комотна предност на Гостивар уште од самиот почеток, а по 10. минути истата изнесуваше 15-25. Преку Самбри и Мандердон домаќините успеаја да се вратат во игра во текот на втората четвртина, но не и да го превземат водството (39-41).

Гостите повторно го наметнаа своето темпо на отварањето на второто полувреме во кое постигнаа 31 поен, наспроти 13 на противникот па пред последните десет минути влегоа со предност од 52-72, која беше недостижна за домашниот тим.

Исајах Мандерсон со 25 поени се истакна кај домаќините, кај гостите доминираше Никола Силаџи со 20 поени.

Се вчитува...