Гостивар рутински против МЗТ Скопје 2

Кошаркарите на Гостивар стигнаа до петтата победа сезонава во Суперлигата, откако рутински го победија МЗТ Скопје 2 нагости со 76-106.

Дилемите околу победникот на мечот беа разрешени уште во првиот период кој гостиварци го добија со плус десет 19-29. До крајот на првото полувреме разликата на семафорот само се зголемуваше, а на пауза се замина со предност на гостите од 33-54.

Доминацијата на гостите продолжи и во третата четвртина во која на „младите штркчиња“ успеаја да им дадат 31 поен и да стигнад до највисоките до тој момент плус 37 (48-85). Последната четвртина беше единствената која ја добија домаќините (28-21), а конечниот резултат на мечот изнесуваше 76-106.

Џелетовиќ со 31 и Димитриевски со 24 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај МЗТ 2 се истакна Митевски со 20 поени.

Се вчитува...