По напуштањето на теренот на дуелот против Работнички, екипата на Гостивар синоќа на полноќ со ново соопштение околу најновите случувања на домашната прволигашка сцена која живее турбулентна пролет.
Гостиварци во најновото соопштение не ја објаснуваат одлуката за напуштање на теренот, по претходниот став дека тоа е исклучиво поради судијата Игор Стојчевски кој, како што велат, ‘е непожелен од сите клубови во македонскиот фудбал’, но потенцираат дека Фудбалската федерација на Македонија неочекувано испратила непријателско соопштение кон нив без притоа да го слушнат нивниот став.
Претходно, Натпреварувачката комисија на ФФМ веќе го регистрираше натпреварот меѓу Гостивар и Работнички од 29. коло во ПМФЛ со службен резултат (0-3) за Работнички.
СООПШТЕНИЕТО ОД ФК ГОСТИВАР ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:
Пред да одговориме точка по точка на соопштението на Фудбалската федерација на Македонија сакаме да разјасниме некои работи: Во врска со реакцијата на нашиот последен натпревар, очигледно е дека ФФМ побрза да издаде официјално соопштение пред ние да дадеме каков било коментар за нашите постапки. Секој разумен спортски читател јасно ќе разбере од ова непрофесионално и долго соопштение на федерацијата дека луѓето читаат мисли. Фудбалската федерација на Македонија „истури отров“ врз нашиот клуб. Нивното непријателско соопштение не е само за натпреварот против Работнички. Веројатно како новоформирано раководство им недостасува искуство. Сепак, не можеме да го разбереме овој агресивен, антагонистички став и вокабулар.
Очигледно, нашето повлекување од теренот на последниот натпревар и даде можност на федерацијата да го искаже своето непријателство кон нас. Ова тело го нападна нашиот клуб со мноштво неосновани тврдења и улични гласини. Од каде, од кого и како ги добиваат овие обвинувања? Дали имаат агенти во клубовите?
Имавме многу поплаки и на претходното раководство на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На прес-конференцијата одржана ден пред натпреварот изјавивме: ‘Не очекуваме сите проблеми да бидат решени одеднаш. Сепак, доволно е да добиваме сигнали дека се работи за решавање на овие прашања. Исходот, сепак, е крајно фијаско. Се надевавме дека со новиот раководечки тим работите ќе се подобрат чекор по чекор. Наместо тоа, доживеавме целосно разочарување. Наместо да ги исправи неправдите, оваа администрација на Фудбалската федерација на Македонија се чини дека е решена да ги замолчи и заплаши оние што зборуваат против неа. Што се однесува до изјавите дадени од претседателот на ОФС Гази Баба, тие не се тема за расправа. Не разбираме зошто се вмешале во проблематиката по натпреварот против Работнички. Нашата одлука да го прекинеме натпреварот и да протестираме против судијата со аплауз нема никаква врска со нив.
Ќе следи детален одговор, точка по точка, на долгите и неосновани обвинувања на федерацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА