Гостивар со убедлив триумф над МЗТ Скопје 2 ја продолжи победничката серија во домашната лига

Кошаркарите на Гостивар остварија убедлив триумф од 106-85 против тимот на МЗТ Скопје 2. Домаќините победата ја најавија уште од самиот старт, па не дозволија никакво изненадување и запишаа уште една победа во низа во рамки на првата македонска кошаркарска лига.

Гостивар одлично го почна мечот, и во првиот период имаше предност од 8 разлика (28-20). Како што одминуваше мечот, така и домаќините ја зголемуваа предноста, па на пауза заминаа со +20 (60-40).

Кошаркарите на Гостивар до крајот одиграа рутински, па одличната предноста ја зачуваа во третиот и четвртиот период, а по ваквиот исход запишаа уште еден нов триумф со кој ја продолжија победничката серија во домашното првенство.

Виктор Ефремовски од Гостивар постигна 26 поени, додека кај МЗТ Скопје 2 најефикасен беше Лука Петковски со 25 поени.

Се вчитува...