Гостиварци го „препливаа“ Црн Дрим

Гостивар ја оправда фаворитската улога и прекина серијата од два пораза во низа, откако на гостински терен славеше над Црн Дрим со 72-83, со што стигна до деветтата победа во сезоната. „Сино-белите“ умешно ги користеа грешките на противникот, а повторно го најдоа и „шутерскиот“ ритам со 10 погодени обиди зад линијата 6,75.

Неизвеноста на натпреварот траеше само во првата четвтина (18-19) по која избраниците на Србиновски ги превземаа работите во свои раце. Веќе до полувремето гостите поведа со двоцифрена предност (31-41), а во третата четвртина ги решија сите дилеми откако заминаа на недостижни +16 (46-62). Избраниците на Чочороски ги консолидираа своите редови во последната четвртина, но недоволно за враќање на резултатската неизвеност.

Жао Марсело беше предводник на домаќините со дабл-дабл од 22 поени и 16 скока, а него го следеше Светозар Стаменковиќ со 10 поени и 4 скока. Џалон Фрајден беше незапирлив кај гостите со 24 поени на кои додаде и 11 скока, додека „ол-ароунд“ натпревар одигра Александар Костоски со 16 поени, 10 асистенции и 6 скока. Како двоцифрени натпреварот го завршија и Алекандар Тодоровиќ и Марјан Јанески со 12 поени и 5 скока, односно 11 поени и 4 скока.

Се вчитува...