Готово е: Мхитарјан во Арсенал, Алексис во Јунајтед

Фудбалска Англија се тресе, затоа што се случува најголемата размена во последните неколку години на Островот. Хенрик Мхитарјан ги прифати условите на Арсенал и се согласи да се пресели на „Емирати“, а во спротивна насока патува Алексис Санчез, кој ќе стане нов фудбалер на Манчестер јунајтед. Се е договорено, останува двајцата фудбалери само да ги минат медицинските прегледи, по што трансферите ќе бидат и официјализирани.

Арсенал и Манчестер јунајтед ќе направат директна размена, што значи дека ниту еден клуб нема да добие отштета за оваа зделка. Останува во наредните 48 часа да се средат сите детали околу договорите и тие да бидат потврдени од Премиер – лигата.

Ерменецот Мхитарјан на крајот се согласи да му пристапи на Арсенал, а Манчестер јунајтед излезе како победник во трката за Алексис Санчез, иако долго време се најавуваше дека тој има преддоговор со Пеп Гвардиола и Манчестер јунајтед.

Се вчитува...