ГОТОВО: Жељко Обрадовиќ потпиша за нов клуб во Евролигата!

Српскиот кошаркарски стратег Жељко Обрадовиќ, според последните информации од Грција, и дефинитивно потпишал договор со Панатинаикос!

Како што објави израелскиот новинар Арале Вајсберг, приказната меѓу Жељко Обрадовиќ и Панатинаикос заврши на најдобар можен начин за „зелените“.

Според него, најодликуваниот европски стручњак потпишал договор и се враќа на клупата на атинскиот гигант.

Како што претходно беше објавено, раководството на „зелените“, предводено од Димитрис Јанакопулос, понудило тригодишен договор вреден околу пет милиони евра со цел да го убеди искусниот стратег да се врати во клубот со кој го постигна најголемиот успех во кариерата.

Со денови се шпекулира дека враќањето на Обрадовиќ во Панатинаикос е завршена работа.

Од кругови блиски до српскиот тренер доаѓаа информации дека тој е подготвен да размисли за враќање на клупата, но само под јасно дефинирани услови.

Можноста Обрадовиќ да се врати во Партизан додаде неизвесност во целата приказна. Сепак, според најновите информации – следната дестинација на Обрадовиќ и дефинитивно е Атина.

Се вчитува...