Гоце Јаневски обезбеди бронзен медал за Македонија на Балканското првенство во Анталија

Македонскиот боксерски репрезентативец Гоце Јаневски го победи Србинот Филип Џиниќ со 3-2 во четвртфиналето во категоријата до 75 килограми, на Балканското првенство во Анталија, Турција. Со оваа победа Јаневски обезбеди најмалку бронзен медал. Во полуфиналето ќе се сретне со Бесарт Пирева од Косово кој настапи на „Златен Гонг 2019“. Оваа борба е закажана за в петок.

Вториот македонски претставник Арсим Етеми загуби од Бирол Ајгун од Турција со 5-0 и го заврши настапот на шампионатот. Јасин Љама утре се среќава со Георге Думитреску од Романија во категоријата до 63 килограми.

Се вчитува...