Гоце Седлоски: Се извинувам за песната која беше пеена на шампионската прослава на Вардар!

Досегашниот тренер на Вардар, а актуелен македонски селектор Гоце Седлоски на прес-конференцијата при соопштувањето на списокот на Македонија за престојните пријателски натпревари против БиХ и против Турција, се осврна и на срамната прослава на вардаровите фудбалери по освојувањето на шампионската титула.

Седлоски се извини во лично негово име, но и во име на целиот тим на Вардар, за непристојните навредливи песни за време на прославата.

„Би сакал во мое лично име, но и во име на целиот тим на Вардар, да се извинам на македонската јавност за песната која беше пеена на шампионската прослава на Вардар во Струга. Секако дека тоа е нешто со кое не може да се гордее ниту еден вардаров поединец“ – истакна на денешната прес-конференција Седлоски.

Се вчитува...