Грабул донесе водство за Македонија во Дејвис купот

Македонската Дејвис – куп репрезентација поведе со 1-0 против Малта во првиот дуел од групата Б, во Третата европска зона, кој се игра во Созопол, Бугарија. Искусниот Димитар Грабул го освои првиот поен за Македонија, победувајќи го Омар Судзука со 2-0 во сетови.

Грабул првиот сет го доби во своја корист со 6-3, а потоа и во вториот сет продолжи со добра игра и го комплетираше со 6-4 во гемови.

Во вториот дуел, Томислав Јотовски ќе ги одмери силите со Метју Ашчиак.

 

Се вчитува...