Градимир Чаневски го освои израелското првенство

Македонскиот ракометен интернационалец Градимир Чаневски со екипата на Макаби Ришон Лезион е новиот првак на Израел.

Во финалната серија во која играа против Хапоел Ашдод во одлучувачкиот петти натпревар славеа со минимални 26-25.

Градимир Чаневски на овој натпревар имаше 12 интервенции со кои беше еден од најзаслужните за трофејот на Макаби.

Се вчитува...