Градоначалникот на Карпош еуфоричен, Назор нервозен а МЗТ поразен (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Максимално драматичен натпревар, со многу притисок, тензија и неизвесност, одиграа Карпош Соколи и МЗТ Скопје  во 19. коло од АБА лигата.

На крајот славеа „соколите“, па сето тоа повеќе од еуфорично си го проследи градоначалникот на Карпош, општина која е главен финансиер на тимот, Стевче Јакимовски… Сето тоа низ целиот тек на мечот нервозено го следеше тренерот на аеродромци, Анте Назар, за да на крајот нервозата се покаже комплетно оправдана откако МЗТ Скопје загуби.

Во секој случај, интересна македонска пресметка им понудија двете наши екипи во регионалното натпреварување на присутните гледачи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

[new_royalslider id=”491″]

Се вчитува...