„Граѓаните“ брзо се созедоа по елиминацијата во ЛШ: Тотенхем го плати „цехот“ (ВИДЕО)

Манчестер сити брзо се созеде по елиминацијата од Ливерпул во Лигата на шампионите, па си се врати на победите во Премиер лигата. „Граѓаните“ во 34. коло лесно славеа со 1-3 на гостувањето против Тотенхем во Лондон.

Победата на тимот на Пеп Гвардиола ја навести Габриел Хесус уште во 22. минута, а по само три минути Гундоган од пенал зголеми на 0-2.

Ериксен во 42. минута ја намали предноста на гостите, но Стирлинг во 72. минута ги постави конечните 1-3.

Манчестер сити со овој триумф само дополнително си ја зголеми предноста на врвот од табелата во Премиер лигата.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...