„Граѓаните“ го освоија и Лестер (ВИДЕО)

Манчестер Сити славеше на гостувањето кај Лестер со 0-2 во натпревар од 30. коло во англиската Премиер-лига. По првото полувреме без голови, Менди со одличен удар донесе водство од 0-1 за „граѓаните“, додека конечните 0-2 ги постави Габриел Жезус во 74. минута.

Сити со триумфот само ја зголеми предноста на табелата и сега има 74 бода, односно дури 17 повеќе од градскиот ривал Јунајтед. Лестер и покрај поразот останува трет со 56 бода.

 

 

 

 

 

Се вчитува...