„Граѓаните“ го растурија Ротерам, Лидс и Алиоски елиминирани од ФА купот

Манчестер сити го истури бесот на Ротерам во ФА купот на Англија совладувајќи го со убедливи 7-0. Стерлинг ја отвори серијата голови, младиот Фоден зголеми на 2-0, а пред самиот крај на првиот дел Ајаји си постигна автогол за водство од 3-0 за „граѓаните“.

Во второто полувреме, канонадата ја продолжија Хабриел Хесус, Марез, Отаменди и Лирој Сане за „седумка“ во мрежата на Ротерам.

Езгјан Алиоски и Лидс јунајтед ги завршија настапите во ФА купот. Тимот на македонскиот репрезентативец загуби со 2-1 на гостувањето кај Квинс Парк Ренџерс. Оте и Бидвел му донесоа триумф на домашниот состав, а Халме беше стрелец за Лидс.

Олдам со пресврт го елиминира Фулам од ова натпреварување, славејќи со 1-2.

Се вчитува...