„Граѓаните“ ќе потрошат 700 милиони евра за летен шопинг!

Манчестер сити не успеа да избори пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако доживеа елиминација во англиската пресметка со Ливерпул. Иако титулата во Премиер – лигата е на прагот, раководството на клубот ќе вложи нови огромни средства за летни засилувања, за следната сезона повторно да цели на трофејот во елитното европско клупско натпреварување.

Менаџерот Пеп Гвардиола ќе добие фантастични 700 милиони евра за нови засилувања, откриваат медиумите на Островот. Познати се и дел од имињата кои се наоѓат на неговиот список. Тоа се Џулијан Вајгл (Борусија Дортмунд), Жоргињо (Наполи), Фред (Шахтјор Доњецк), Едер Милитао (Сао Паоло), Томас Лемар (Ливерпул), Ријад Махрез (Лестер), Леон Бејли (Баер Леверкузен). На списокот на желби на Гвардиола се наоѓа и македонскиот мегаталент Елиф Елмас, кој е член на Фенербахче.

Се вчитува...