„Граѓаните“ лесно со Хал, Кутињо и Фирмино донесоа триумф за Ливерпул

Манчестер сити оствари значајна победа на домашен терен, совладувајќи го Хал со 3-1. И Ливерпул им се врати на победите, откако со пресврт славеше со 1-2 на гостувањето против Стоук.

„Граѓаните“ поведоа со автоголот на Елмохамади, а во вториот дел Агуеро и Делф зголемија на 3-0. Почесниот погодок за Хак сити беше дело на Ранокија.

1 by taftadarka2016

Јорген Клоп го почна мечот против Стоук на гости без Кутињо и Фирмино оставајќи ги на клупата, но откако домаќинот поведе преку Волтерс, тој ги уфрли токму своите главни ѕвезди да ја спасуваат работата. И тие ја завршија задачата, постигнувајќи по еден гол, прво Кутињо во 70.минута, а потоа и Фирмино.

All Goals & highlights – Stoke City 1-2… by goalsarena2017

Резултати Англија: Манчестер сити – Хал сити 3-1, Стоук – Ливерпул 1-2, Мидлсборо – Барнли 0-0, ВБА – Саутемптон 0-1, Вест Хем – Свонси 1-0.

Се вчитува...