„Граѓаните“ тргнуваат по Обамејанг, мамката е Ихеаначо

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити остана без трофеј оваа сезона, а до последното коло ќе се бори за пласман и во Лигата на шампионите. Менаџерот Пеп Гвардиола исто така за првпат во својата тренерска кариера остана со празни раце, па сака да го реновира значително тимот ова лето и да тргне во поход за освојување на круната во Премиер – лигата следната година. За тоа на Шпанецот му е потребен уште еден врвен голгетер, а Гвардиола смета дека тоа би бил Пјер – Емерик Обамејанг.

Напаѓачот на Борусија Дортмунд е цел на неколку еврпоски гиганти, а тој најави дека одлуката дали ќе замине од „Сигнал Идуна парк“ ќе ја донесе по завршувањето на сезоната. Отштетата за него воопшто не е мала, и изнесува 60 милиони фунти, но Манчестер сити е секако моќен за да ја исполни желбата на својот менаџер.

Пеп Гвардиола има и мамка за „милионерите“. Во зделката ќе го вклучи и младиот нигериски интернационалец Келечи Ихеаначо, на кого ќе му дозволи да замине во Борусија Дортмунд. Се надева дека на овој начин ќе го ’омекне’ тренерот на „милионерите“, Томас Тухел, и дека ќе успее да го доведе Обамејанг на „Етихад“.

Се вчитува...