„Граѓаните“ убедливи против Вулверхемптон

Манчестер сити оствари убедлив триумф (3-0) против Вулверхемптон и повторно се доближи на четири бода негатива во однос на лидерот Ливерпул во Премиер-лигата. „Граѓаните“ поведоа со голот на Габриел Хесус во десеттата минута. Бразилецот повторно погоди од пенал во 39.минута од натпреварот.

Во вториот дел, гостинскиот играч Конор Коади си постигна автогол, а Манчестер сити стигна до 17.победа во шампионатот.

Се вчитува...