Гранада и Хетафе во пол-позиција за потписот на Столе Димитриевски

Гранада и Хетафе се први фаворити за потписот на голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски. Димитриевски имаше одлично Европско првенство во кое беше феноменален на голот на Македонија во натпреварите против Австрија, Украина и Холандија.

Димитриевски групната фаза на ЕВРО 2020 ја заврши на второто место по успешни интервенции вкупно 14, а подобар од него беше само словачкиот голман Лукас Храдецки.

Дефинитивно што и да се случи, Димитриевски следната сезона ќе го гледаме повторно во шпанската Ла лига, бидејќи неговиот Рајо Валјекано успеа да обезбеди промоција во елитното првенство во Шпанија.

Се вчитува...