Грчки фудбалер меѓу загинатите во железничката несреќа кај Лариса

Во железничката несреќа кај Темпи, во близината на Лариса, животот го загуби 22-годишниот фудбалер Јорданис Адамакис. Последен клуб му беше Теспротос, а во минатото гирал за Кавала, Родос и Нестос.

Според информациите, неговото семејство не знаело дека Јорданис се наоѓа во кобниот воз, а дознале кога биле повикани да го идентификува телото.

Несреќата се случила кога патнички воз кој сообраќал од Атина до Солун, се судрил со товарен воз при што два вагони биле целосно уништени. До сега во несреќата загинаа 46 лица, а се стравува дека бројката на загинати ќе расте со оглед дека спасувачките екипи и натаму не ги отстраниле остатоците од возот од шините во местото Темпи.

Се вчитува...