Грчки навивачи исфрлени од Австралија опен поради националистички скандирања и провокации кон Македонија

Грчки навивачи беа исфрлени од трибините на натпреварот на Гркинката Марија Сакари поради националистички скандирана со политичка конотација и провокации кон Македонија.

Грците предизвикале инцидент на натпреварот во женска конкуренција, па организаторот бил приморан да ги исфрли од трибините. Австралиската полиција потврди дека избркала група од околу 20 Грци поради лошо однесување, откако претходно во неколку наврати биле опоменувани. Притоа истакнувале и транспаренти со политичка содржина, кое не е дозволено на Грандслем турнирите.

Претходно, слично се однесувале на трибините и на мечот на грчкиот тенисер Стефанос Циципас за што добија критики од него. Циципас по натпреварот со Колшрајбер, кој го предаде поради повреда, истакна дека навивачите мора да знаат дека доаѓаат да гледаат тенис, а не фудбал, и мора соодветно да се однесуваат.

„Со начинот на нивното навивање само ги навредуваат противниците. Ова сепак е тенис, а не фудбал. Мислам дека претеруваат“ – истакна Циципас.

Се вчитува...