Грег Попович за историја – подобар и од Пет Рајли

Грег Попович сосема заслужено се смета за еден од најдобрите кошаркарски тренери на сите времиња. Стратегот на Сан Антонио синоќа ја „зграпчи“ и својата 1211-та победа во кариерата запишувајќи нов момент за аналите.

Со тој триумф, Грег Поповиќ се искачи на четвртото место на листата на најдобрите тренери на сите времиња со најголем број победи во кариерата.

Со триумфот на Сан Антонио над Фенис од 111-86, Попович успеа на вечната листа на најдобрите на четвртото место да го престигне Пет Рајли.

 

Се вчитува...