Григор Димитров ја прошета Никол Шерцингер низ Беверли Хилс (ФОТО)

Бугарскиот тенисер Григор Димитров (25) се подготвува за настапот на турнирот во Индијан Велс, а во слободното време ужива во друштво со својата девојка, Никол Шерцингер (38).

Поранешната девојка на Луис Хамилтон, не ја крие својата љубов кон 13 години помладиот тенисер со кого се во врска една година и го користи секој момент да бидат заедно.

Јас сум среќна, ние сме во врска и сакаме нашиот личен живот да го задржиме за себе. И тоа е тоа. Кога ќе дојде вистинското  време можеби ќе размислувам и  за деца и за семејство“ – изјави неодмана светската поп-икона.

Иако Димитров и Шерцингер настојуваат својот приватен живот да го држат подалеку од очите на јавноста, сепак, нивната прошетка низ Беверли Хилс држејќи се раце, не остана не забележана од камерите.

nikol dimitrov

nikol dimitrov2

dimitrov i nikol1

nikol dimitrov 6

nikol dimitrov 4

Се вчитува...