Грин прифати 100 милиони долари за да остане во Голден Стејт

Дрејмонд Грин ќе продолжи да го носи дресот на Голден Стејт и во иднина откако крилниот центар ги прифати понудените услови за нов тригодишен договор со „воините“, за вкупна вредност од 100 милиони долари.

Поранешните шампиони не сакаа да им се повтори случајот со Кевин Дурант, кој чекаше до последен момент, па реши да си замине. Токму затоа договорот со Грин беше постигнат една година пред истекот на актуелниот, па сумите од над 30 милиони евра по сезона Дрејмонд ќе почне да ги заработува почнувајќи од 2020/21.

Дрејмонд Грин минатата сезона настапи на 66 средби во дресот на Голден Стејт, во просек бележејќи по 7,4 поени, 6,9 асистенции и 7,3 скокови по натпревар.

Се вчитува...