Гризман е „златна резерва“ на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид стигна до цел плен и на второто овосезонско гостување, откако избраниците на Диего Симеоне славеа со 0-1 на гостувањето против Валенсија. Човек на одлука беше Антоан Гризман, кој влезе во игра во 64. минута на „Месталја“, а само две минути подоцна со прецизен удар го постигна единствениот гол на мечот.

Првото полувреме мина во израмнета борба во која најмногу работа имаа ВАР-судиите, кои најпрвин поништија гол на Валенсија поради прекршок над Жоао Феликс, а потоа и ја променија одлуката на главниот арбитар по покажаниот црвен картон на домашниот дефанзивец Кореја.

Дуелот го одлучија замените на Симеоне, Лемар и Гризман влегоа во игра на местото на Кондогбија и Де Пол, а токму „француската врска“ го реши победникот, откако Гризман погоди по контранападот што го повлече Лемар.

Пред самиот крај Атлетико постигна и втор гол преку Куња, но беше поништен поради офсајд.

Се вчитува...