Гризман: Не погрешив што останав во Атлетико

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман не беше меѓу големите херои во големиот триумф против Реал Мадрид (4-2) во Суперкупот на Европа, но тоа не ја намали неговата радост по освојувањето на победничкиот пехар. Францускиот репрезентативец по мечот изјави дека донел правилна одлука што ја добил понудата од Барселона и верува во проектот на Атлетико.

„Останав во тимот затоа што имаме амбициозен проект кој не мотивира да работиме. Верувам во клубот и во Диего Симеоне. Сигурен сум дека не погрешив во изборот“ – изјави Гризман.

Пред крајот на минатата сезона од Барселона беа подготвени да ја платат откупната клаузула од договорот на Гризман со Атлетико Мадрид во висина од 100 милиони евра. Но, Гризман ја одби понудата од Барселона и се согласи да потпише нов договор со Атлетико Мадрид.

Се вчитува...