Гризман: Не си одам, ги чекам Диего Коста и Витоло

Антоан Гризман е критикуван од јавноста, исвиркуван од сопствените навивачи, но францускиот ас не жали што минатото лето ја промени својата одлука за заминување и реши да остане во тимот на Диего Симеоне. Голгетерот тогаш добиваше гласни пофалби за лојалноста, но ситуацијата се промени со серијата слаби игри, па дел од навивачите дури и бараат Гризман да биде продаден во јануарскиот преоден рок.

Сепак, фудбалерот е дециден на ставот дека тоа нема да се случи, бидејќи тој сезоната ќе ја заврши како член на Атлетико Мадрид.

Не сум во посакуваната форма, но тоа не значи дека жалам што не си заминав. Тоа беше мој избор и верувам дека постапив исправно. Сега дефинитивно немам намера да си одам, ги чекам Диего Коста и Витоло да ни се приклучат во јануари, нема сомнеж дека со тоа и нивото на нашата игра ќе биде многу повисоко“ – изјави Гризман.

Се вчитува...