Гризман потпиша нов договор со Атлетико Мадрид до 2022 година

Францускиот интернационалец Антоан Гризман потпиша нов договор со шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид и ги расчисти сите дилеми околу останувањето во Шпанија. Тој беше најавуван како ново засилување за Манчестер јунајтед, но кога ЦАС повторно ја активираше забраната за трансфери, Гризман реши да остане во Атлетико Мадрид.

„Атлетико Мадрид, сега повеќе од било кога“, изјави Гризман во тие моменти, а сега и докажа дека сака да остане уште долго да остане во шпанскиот клуб, во кој пристигна во 2014 година.

Според најновиот договор, откупната клаузула на Гризман изнесува 100 милиони евра.

Се вчитува...