Гризман се премислува, ќе остане во Атлетико Мадрид

Францускиот интернационалец Антоан Гризман е трансферна цел на Барселона и на Манчестер јунајтед, и се очекува тој на лето да биде еден од најбараните фудбалери во фудбалска Европа. Но, со доаѓањето на Диего Коста, сега на Французинот му е многу полесно во нападот на „јорганџиите“, па тој размислува да остане и да ја продолжи соработката со клубот, која сега има важност до 2021 година.

Неговата откупна клаузула во јуни 2018 година ќе изнесува 100 милиони евра, и Барселона и Манчестер јунајтед секако дека размислуваат да ја платат, но Атлетико Мадрид би можел да биде побрз и на одличниот напаѓач да му понуди нов договор, со подобри лични услови, но и со многу поголема откупна клаузула.

Се вчитува...