Веднаш по завршувањето на мундијалот следуваше и продолжението на сезоната во американската МЛС-лига, а во центарот на вниманието беа двете европски ѕвезди кои неодамна дојдоа во САД, Антоан Гризман и Роберт Левандовски.
Гризман по добро ќе го памети своето деби, откако неговиот тим Орландо Сити го декласираше составот на Сан Хозе со 4-0, меч на кој и самиот Французин успеа да се запише меѓу стрелците, погаѓајќи мајсторски за водство од 3-0.
За разлика од него, Левандовски одигра далеку под своите можности на мечот што Чикаго го загуби од Интер Мајами со 2-3. Полјакот изнуди еден автогол, но беше под посакуваното ниво останувајќи во сенката на Луис Суарез, кој со два гола го предводеше Интер до големата победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
