Гризман спречи нова кралска „фешта“

Атлетико Мадрид успеа да остане непоразен на гостувањето против градскиот ривал Реал (1-1), давајќи му можност на тимот на Барселона со триумф вечерва во Малага да ја направи уште поинтересна трката за титулата во Примера дивизион.

Мадридското дерби ја донесе очекуваната динамика, а Реал е тимот што има за што да жали ако се знае дека избраниците на Зидан триесетина минути имаа водство, но не успеаја да го задржат примајќи гол во самиот финиш. Антоан Гризман, кој промаши пенал во ланското финале од ЛШ, овојпат беше херој на „јорганџиите“ постигнувајќи го изрманувачкиот погодок за голем бод за Атлетико, кој е во трка со Севилја за третото место и директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Претходно, Облак имаше неколку одлични интервенции на голот на Атлетико пред Пепе да го постигне водечкиот погодок, со прецизен удар со глава по центаршутот на Тони Крос. Реал потоа непотребно целосно се затвори, му ја препушти иницијативата на противникот, за што стигна и казната со погодокот на Гризман.

„Кралевите“ со ова реми сега имаат три бода предност во однос на Барселона, каталонците вечерва го играат својот дуел со Малага, но и Реал има натпревар помалку, оној одложениот на гостински терен со Селта Виго.

Pepe Header Goal – Real Madrid vs Atletico… by kivancyildirim791

Antoine Griezmann Goal HD – Real Madrid 1-1 Atl… by Video-Sport

Се вчитува...