Гризман: Цела Франција чека Бензема да се врати во репрезентацијата

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, му изрази поддршка на својот колега Карим Бензема, кој е член на лутиот мадридски ривал Реал, за враќање во националниот тим на Франција. Како што е познато, Бензема веќе подолг период не е дел од фудбалската репрезентација на Франција откако беше вклучен во скандалот со уцена на неговиот соиграч Метју Валбуена, со наводна секс – снимка. Тој не беше дел и од Европското првенство, но Гризман смета дека сега е време за негово враќање.

„Посакувам Бензема да се врати во националниот тим, затоа што тој е многу важен играч за нас. Мислам дека цела Франција чека тој да се врати. Мора да се најде начин за тоа, а одлуката е на селекторот Дидие Дешамп и јас знам дека тој добро си ја врши работата. Но, верувам дека е дојдено време за промена на првичната одлука“, изјави Гризман откако се појави во тренинг – кампот на „триколорите“.

  

Се вчитува...