Гризман: Видео-технологијата ја убива убавината на фудбалот

Видо-технологијата ги воодушеви дел од вљубениците во фудбалот на натпреварот меѓу Франција и Шпанија. Но, не се сите позитивно расположени расположени за технолошкиот новитет на фудбалските терени.

Еден од незадоволните е Антоан Гризман кој веќе го прослави својот гол против Шпанија, кога судијата реши да го поништи, по прегледувањето на видео-снимката.

„Најлошата работа е што мора да се чека. Јас веќе го прославив голот, но подоцна се утврди дека тој е поништен. Со тоа се губи страста на теренот , а паузите може да станат долготрајни“ – вели 26-годишниот француски репрезентативец.

Според Гризман, чекањето на одложената судиска одлука ја убива атмосферата и убавината на играта.

„Ако постигнете гол, прво мора да ја почекате одлуката на судиите кои ја прегледуваат снимката, а дури потоа може да славите и тука се губи целата убавина на фудбалот. Но, што е тука е, мора да се навикнеме на новата ситуција“ – истакнува Гризман.

Се вчитува...