Ракометниот клуб Охрид го дозна својот противник во осминафиналето од ЕХФ Европскиот куп. По убедливите победи над азербејџански Баки и босанска Слога Добој, „гладијаторите“ од Охрид на денешната ждрепка во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја извлекоа чешка Дукла Прага за противник во осминафиналето во третото по ранг европско натпреварување.
Дукла Прага моментално се наоѓа на 8. позиција во чешката екстралига со 11 бода од 13 одиграни кола. Чешкиот тим минатата сезона го освои 4. место во домашното првенство и има искуство во европските купови, но далеку е од фаворитите во натпреварувањето.
Првиот меч од осминафиналниот двомеч ќе се игра во Охрид во првата половина на февруари 2026 година, додека реваншот е закажан за една недела подоцна во Прага. Точните термини ЕХФ ќе ги објави во наредните денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

