ГРК Охрид го официјализираше Адмир Пелидија

Ракометниот суперлигаш на Македонија, ГРК Охрид го официјализираше трансферот на црногорскиот интенрационалец Адмир Пелидија. Пелидија  има 29 години и игра на позицијата пивот, а во Охрид ќе го носи дресот со број 11.

Во тимот на Гладијаторите доаѓа од Ал Аин Емирати, а претходно настапувал за Бузау (Романија), Билер (Франција), Алкобендас (Шпанија), Горажде (Бих) и Рудар Пљевља (Црна Гора). Има повеќе од 15 настапи за сениорската репрезентација на Црна Гора, како и за сите младински категории.

Се вчитува...