Грнчаров: Единствен виновник за ова што се случува со Вардар е Самсоненко, нека ги бара парите од РК Вардар

ФК Вардар е во незавидна ситуација во очекување на разврската околу добивање на европската лиценца. Денеска е последниот рок кога треба да се подмират долговите од повеќе од два милиони евра создадени од актуелното раководство на чело со сопственикот Сергеј Самсоненко.

Од Вардар, кој шест години под водство на Самсоненко не знаеше ниту за најмала транспарентност ниту отчет каде се одлеаја парите кои фудбалерите ги обезбедија со настапот во Лига Европа, сега очекуваат помош од Град Скопје. Околу целата ситуација се огласи и поранешниот капитен Бобан Грнчаров под чие водство тимот стигна до најголемиот успех во историјата на клубот.

Грнчаров нагласува дека смешно е сега од ФК Вардар да бараат помош од Град Скопје за приватни пари кои сами ги трошеле. Според поранешниот капитен единствен виновник за ситуацијата во која е клубот е Сергеј Самсоненко и тој треба да го реши ова.

„Многу ми е смешно кога гледам коментари дека Град Скопје треба да помогне на ФК Вардар. Како прво како Вардар бара помош од Град Скопје кога должи над 2 милиони евра. Зошто кога земаа пари од Европа, повеќе од 5 милиони евра, не кажаа ајде ќе поделиме со Град Скопје, па утре-задутре ќе ни помогнат и тие. Вардар е приватен клуб и кога зема пари и кога треба да се дадат пари. За ова што се случува единствено е виновен еден човек, и тој треба да го реши тоа сам (се надеваме дека денеска ќе го реши и Вардар ќе добие лиценца). А второ парите што ги земаа од Лига Европа се во РК Вардар, така да сега нека бараат помош од таму“ – е ставот на Бобан Грнчаров.

Се вчитува...