Огњен Врањеш низ кариерата го следеа разни контроверзии започнувајќи од четнички тетоважи поради кои беше отпишан од репрезентацијата на Босна и Херцеговина се до скандал за љубовна афера со Јелена Карлеуша.
Сега 33-годишниот стопер ова лето се поврзуваше со трансфер во редовите на Партизан, но најверните навивачи на „црно-белите“ – „Гробари“ го спречија неговиот трансфер, пренесуваат српските медиуми.
Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда кој има и 38 репрезентативни настапи и титули во БиХ и Грција беше навредуван на натпреварот помеѓу Партизан и Раднички Ниш на кој одекна и транспарент насловен:
„Сите кои го мразат Партизан од дното на душата – можат само к**от да ни го п***т! Врањеш- Не може“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА