„Гробарите“ лути на Вујошевиќ: Тој не е за политика, ја извртува вистината!

Селекторот на кошаркарската репрезентација на БиХ, Душко Вујошевиќ, инаку човек кој 17 години мина на клупата на КК Партизан, во интервју за магазинот „Неделник“ вели дека Србија е главниот виновник за почетокот на војната во екс-СФРЈ.

„Јас бев за Југославија и бев за секого за кого мислев дека се бори за Југославија. Но, брзо се покажа дека тоа не било баш така, и дека војската се сместуваше на границите на Голема Србија. Секако, вина има на сите страни, но со оглед на тоа дека Србија ја контролираше војската, сепак одговорноста за војните е на Србија“ – рекол Вујошевиќ.

Оваа изјава предизвика жестоки критики кон Вујошевиќ од страна на навивачите на Партизан, а „Гробарите“ отворено искажаа незадоволство…

„Тоа што го кажа нема врска со вистината. Секој има право на свое мислење но тоа е извртување на вистината. Зошто е Србија виновна, затоа што не допушти уште еден Јасеновац? Вујошевиќ треба да се засрами“ – се дел од коментарите на „Гробарите“.

Изјавите на Вујошевиќ предизвикаа доста прашина и меѓу лицата од општествениот и политичкиот живот во Србија.

Се вчитува...