Грција го „потопи“ Исланд, вицешампионот изненаден од Грузија

Репрезентацијата на Грција ја обезбеди првата победа на овогодинешниот Евробаскет, против селекцијата на Исланд со резултат 90-61. Нашиот јужен сосед доминираше речиси целиот натпревар, со 26 поени во првата четвртина го отворија мечот најавувајќи доминација. Сепак, кошаркарите на Исланд пружија отпор и ја освоија втората четвртина со 23-11, па така Грција замина со минимална предност од 4 поени на паузата.

Во вториот дел од мечот Грците не дозволија изненадување, веднаш ја вратија дфоцифрената предност (61-45), која до крајот се зголемуваше.  Во последната четвртина постигнаа намногу поени(29), па така конечниот исход беше во нивна корист, 90-61 (26-10, 11-23, 24-12, 29-16), во однос на Исланд.

Николаос Папас беше најрасположен кај грчкиот тим, со 20 поени, 4 скока и 3 асистенции, додека Георгис Принтез беше втор најдобар стрелец со 17 поени, а забележа и 5 скока. Кај Ислаѓаните, Хаукур Палсон беше единствениот кошаркар со двозифрен број на поени, забележа 21 поен, 4 скока и 2 асистенции.

TY8pqJsfH0WJB0-GSbc8OQ

Европскиот вицешампион Литванија доживеа голем шок на отворањето на Евробаскетот, откако репрезентацијата на Грузија успеа да ги победи со резултат од 79-77. „Мерона Мивтачим“ арената во Тел Авив уживаше во еден исклучително неизвесен и квалитетен натпревар, во кој Грузиците обезбедија многу значаен триумф во последните секунди.

Литванците беа изненадени од амбициозниот пристап на Грузија. Предводени од НБА ѕведата, Заза Пачулија, Грузија одговараше на секоја закана од фаворитот на оваа средба. Во првата четвртина беше изедначено(18-18), но Литванците изградија предност од од 5 поени во вторите 10 минути, и се чинеше дека кочено ќе можат да превземат контрола врз мечот. Сепак, разположената Грузија одлучи да ја расипе забавата на лтиванската публика, третата четвртина ја освоија со резултат од 25-18 и во финишот влегоа со еден кош предност. Токму тие 2 поени беа пресудни за Литванија во финишот, кои имаа и последен напад, но не го реализираа.

Торник Шенгелија играше животна партија, со 29 поени беше главното оружје на Грузија, Дуда Санаѕе и Мајкл Диксон го пратеа нивниот соиграч со 13, односно 12 поени. За селекцијата на Литванија не беа доволни 18. поени на Кузминскас и 15. поени на Калниетис, додека нивниот најдобар поединец, Јонас Валанчиунас имаше скромни 9 поени.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Германија 75 – 63 Украина

Се вчитува...