Алкалоид подготви фантастичен спортски спектакл, можност за уживање во домашна победа над ривал од Атина и кревање на европски пехар. Се беше подготвено за спортски празник, со денови се апелираше спортот да биде во преден план, а не политиката, но противникот очигледно имаше поинакви планови.
Свесни дека немаат шанси за камбек по оние „минус четири“ во Атина, Грците измислија сценарио во кое македонските власти не им дозволиле на нивните навивачи да присуствуваат на натпреварот.
А фактите говорат дека грчки фанови беа присутни во Скопје, па и пред хотелот каде беа сместени играчите на АЕК, ги испратија со аплауз своите миленици кон салата, а таму се случи – фијаско…
Грците го убија спектаклот, ракометниот празник што требаше да кулминира со кревање на шампионскиот трофеј во преполната сала „Борис Трајковски“. Без оглед на смешните соопштенија на ЕХФ и на АЕК објавени доцна вечерва, вистината е само една и не смее да има ниту една друга одлука освен – службена победа за Алкалоид и прв европски пехар во витрините на овој македонски клуб.
И затоа, пехарот мора да остане во Скопје, без оглед што нема да биде кренат во преполна сала пред повеќе од 6.000 Македонци. За тоа вината е само кај гостинот оа Атина, а ЕХФ не смее да смисли ниту едно поинакво сценарио при носењето на конечната одлука, предвидена за вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА